ВИДЕО | Готвиме со Маја: Таљатели со мисиркини ќофтиња со тиква

готвиме со маја таљатели
Фото: Промо

Нашата позната готвачка Маја за денес ни подготви неодоливи таљатели со мисиркини ќофтиња со тиква. Погледнете ја листата на состојки и како Маја го подготвува денешниот рецепт.

 

Состојки:

1 чаша пире од печена тиква

500 г Перутнина Птуј мелено мисиркино месо

1 јајце

Малку сецкан магдонос

1 Долчела пециво

1/2 лажичка мелен ким

1/2 лажичка Вегета Маестро лук

1/2 лажичка Подравка сенф

1 каранфилче

1 лажица Вегета Класик

Сол и бибер

Малку брашно за поховање

  1. Меленото месо помешајте го со пирето од тиква.
  2. Додадете ги зачините
  3. На крајот додадете едно јајце и убаво измешајте ја смесата.
  4. Формирајте топчиња, извалкајте ги во брашно и пржете ги во загреано масло
готвиме со маја таљатели
Фото: Промо

Сoc

3 лажици путер

2 лажици брашно

400 мл млеко

3 лажици печена тиква

5 лажици павлака за готвење

Сол и бибер

1 лажица сончогледово масло

1 чешне лук

Допир мелен ким

Допир Вегета Маестро кари

50 г рендан пармезан

 

  1. Растопете путер во тава со малку масло.
  2. ставете го брашното и промешајте.
  3. Постепено додавајте топло млеко и мешајте додека не се згусне до посакуваната густина како за бешамел сос.
  4. Додадете ги зачините
  5. Потоа ставете го пирето од варена тиква и убаво соединете.
  6. Кога ќе се соедини, додадете ја павлаката за готвење е згмечен лук
  7. Варете го сосот уште неколку минути и на крајот додадете рендан пармезан
готвиме со маја таљатели
Фото: Промо

Тестенини

Талјатели

1 млада тиквичка

3 лажици маслиново масло

Сол и бибер

2 лажици кршени фстаци

Малку пармезан

  1. Во тава кратко испржете тенки листови од млада тиквичка и додадете ги варените таљатели.
  2. Измешајте убаво да се соединат и потоа ставете ги одозгора пржените ќофтиња.
  3. Прелијте со сосот и измешајте убаво за да се соединат состојките.
  4. Сервирајте и декорирајте со рендан пармезан и кршени ф’стаци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот