ВИДЕО | Готвиме со Маја: Полнет стек со прилог зеленчук

готвиме со маја
Фото: Промо

Пилешки стек и зеленчук. Навидум секојдневно јадење, но Маја како и секогаш ни дава нов предлог за нов твист на ова класично јадење.

Оброк збогатен со вкусен сос и со миризливи зачини кои го прават јадењето уште повкусно!

Добар апетит!

Полнет стек со прилог зеленчук

– 2 Перутнина Птуј пилешки стекови
– 4 листови сланина
– 100 г чедар
– 30 г пармезан
– 1 лажица крем сирење
– 1/2 лажичка Вегета Маестро лук
– 1/2 лажичка Вегета Маестро оригано
– 1/2 лажичка Вегета Маестро црвен пипер
– Сол и бибер

1. Крем сирењето разматете го со масло
2. Пилешките стекови засечете ги од горната страна, но не до крај, туку само да се отворат и премачкајте ги со крем сирење и ставете листови сланина и чедар
3. На крајот посипете со масло и зачините и ставете го месото во ќеса за печење и печете во загреана рерна на 200 степени околу 25 минути.

готвиме со маја
Фото: Промо

Прилог печурки

– Печурки шампињони
– 1 чаша беби спанаќ
– 2 лажици крем сирење
– 1 чешне лук
– 1 лажица путер
– 50 г мелени ореви
– Сол и бибер
– Вегета Маестро морско оревче
– 1 лажица Вегета Класик
– 1 лажица Фант со 4 вида на сирење
– 3 лажици маслиново масло
– 20 г рендан пармезан

1. На загреано масло благо пропржете лук и додадете крупно исечен беби спанаќ и кратко динстајте
2. Потоа додадете мелени ореви и пржете. Доставете масло доколку е потребно и зачинете
3. На крај додадете 1 лажица путер за да омекне смесата.
4. Печурките со отстранети дршки наредете ги во огноотпорен сад намачкан со малку масло и путер и посолете
5. Дршките исецкајте ги ситно и ставете ги во спанаќот
6. Тргнете ја тавата од оган и ставете Фант со 4 видови на сирење
7. Со оваа смеса полнете ги печурките и посипете ги со пармезан
8. Ставете ги во загреана рерна на 200 степени и печете 15 мин

готвиме со маја
Фото: Промо

Зеленчук

– 1 морков
– 1 жолта пиперка
– 1 пиперка ајварка
– 5-6 шери домати
– 1/2 беби пченка
– 1/2 Подравка конзерва наут
– ½ чаша брокула
– 2 лажици суво грозје
– 1/2 лажичка Вегета Маестро ѓумбир
– 1/2 лажичка Вегета Маестро лук
– 1 чешне лук
– ½ лажичка Вегета Натур
– ½ лажичка Вегета Натур грил класик

1. Во загреана вог тава со масло, ставете лук да се пржи и додадете го зеленчукот исечен на стапчиња а потоа додека се пржи се додаваат и останатите состојки.
2. Се пржи уште малку и на крајот се додаваат сите зачини

готвиме со маја
Фото: Промо

Сос за зеленчук

– 2 лажици мед
– 1 Подравка коцка
– 1 лажичка густин
– 1 лажица соја сос
– 1 лажичка чили сос
– 1 лажица Подравка кечап

1. Во тегличка помешајте ги сите состојки, убаво измешајте и ставете го сосот во зеленчукот.

Видео на денот