ВИДЕО | Готвиме со Маја: Поховани наполитанки и палачинки

готвиме со маја
Фото: Промо

Популарната млада готвачка Маја денеска ви препорачува три одлични рецепти: Поховани наполитанки, и благи и солени наполитанки. Погледнете како вештата и инвентивна Маја ги подготвува превкусните јадења.

Поховани наполитанки

  • Винчини наполитанки
  • 3 лажици Лино Лада крем
  • 2 белки
  • 3 лажици кондензирано млеко
  • 3 лажици брашно
  • 1 Долчела рум шеќер
  • 1 лажица несолен путер

Подготовка:

Се мати едно јајце и се меша со кондензирано млеко. Две наполитанки се спојуваат со Лино Лада крем и се прави како сендвич. Потоа наполитанките се валкаат прво во јајцето со млеко а потоа и во брашно.Се ставаат да се пржат на путер и додека се пржат се посипуваат со рум шеќер.

готвиме со маја
Фото: Промо

Палачинки

  • 2 јајца
  • 300 г брашно
  • 300 мл вода
  • 300 млеко
  • сол
  • 1 лажица Долчела какао
  • 1/2 лажичка цимет

Фил:

  • Лино Лада млечен крем
  • Лино Лада крем со лешници
  • Малини
  • Долчела чоколаден шлаг
  • 2 Долчела ванилин шеќер
  • Џем Подравка

Подготовка:

Се мати смеса како за класични палачинки. Тестото се дели на три дела, едното останува бело, второто се меша со какао а третото со цимет. Сите се пржат како класични палачинки. Се редат во чинија, наизменично по боја и секој слој се премачкува со фил по желба и овошје како додаток.

готвиме со маја
Фото: Промо

Солени палачинки

  • Перутнина Птуј мисиркини гради
  • Чедар
  • Маслинки
  • Јајце
  • Сланина
  • Мајонез

Подготовка:

Дел од белите палачинки се филуваат со состојките и се превиткуваат како триаголници.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот