ВИДЕО | Готвиме со Маја: Паста со Туна

готвиме со маја
Фото: Промо

Паста со туна

– 1/2 пакетче макарони
– 2 лажици путер
– 300 г кафени печурки
– 5 чешниња лук
– 1 лажица сув рузмарин
– 1/4 лажичка црвен пипер
– 1/2 чаша павлака за готвење
– 80 г рендан пармезан
– 1 лимон
– 200 г свеж беби спанаќ
– 2 Ева конзерви туна
– Сол
– Бибер

готвиме со маја
Фото: Промо

1. Макароните сварете ги на вообичаениот начин
2. Печурките исечете ги на крупни парчиња
3. Во тава растопете масло и путер, ставете згмечен лук и пржете а потоа додадете ги печурките и ставете бибер
4. Поттурнете ги печурките во еден дел од тавата и во слободниот простор додавајте малку по малку спанаќ и пржете го
5. Додадете малку од водата во која се вареле тестенините и продолжете да го обарувате спанаќот
6. Кога ќе го намали волуменот, поттурнете го спаначот во еден дел од тавата и во празниот простор додадете од туната
7. Зачинете ја со црвен пипер и сув рузмарин
8. На крај ставете неколку резанки лимон
9. Вака поделената тава оставете ја да се готви уште неколку минути, но не ги мешајте состојките, односно сите нека се готват во својата третина од тавата
10. Во сварените тестенини додадете ја павлаката со брзо мешање и ставете пармезан
11. Потоа додадете ги печурките и измешајте и ставете го спанаќот, соединете и сервирајте во тањир
12. На крајот одозгора ставете од туната и сервирајте

готвиме со маја
Фото: Промо

Колач со бонбони

– 2 кутии Долчела ванила мафини
– 3 кутии лава колач Долчела
– 300 г M&M бонбони

 Фил
– 200 г несолен путер
– 250 г шеќер во прав
– 150 г крем сирење
– 1 Долчела лимон шеќер
– 1 лажица ванилин екстракт

1. Подгответе ја смесата за мафини како што е наведено во упатството
2. Во смесата додадете од бонбоните и ставете ја во силиконски калап за куглоф и ставете уште малку од бонбоните одозгора
3. Печете според упатството
4. Подгответе ја смесата за лава колач според упатството, ставете бонбони внатре и префрлете ја во калап за печење, но гледајте да биде помал од претходниот
5. Изматете го путерот заедно со шеќерот во прав и додадете го крем сирењето
6. Ставете лимон шеќер и екстракт од ванила и изматете убаво за да добиете цврст крем
7. Со кремот филувајте го првото тесто од ванила
8. Врз кремот ставете го лава колачот
9. Филувајте и декорирајте по желба

готвиме со маја
Фото: Промо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот