ВИДЕО | Готвиме со Маја: Лисната вртена пита со спанаќ

готвиме со маја
Фото: Промо

Готвењето заедно со децата е една од највредните семејни активности во кои може да се вклучите заедно. Освен што ќе ви даде можност да поминете квалитетно време заедно, тоа дава многу простор за креативност и учење.🥰

Специјален гостин во Говтиме со Маја е нејзината внука Ања. Тие заедно подготвуваат лисната вртена пита со спанаќ, но истовремено и се забавуваат и учат нови вештини.

готвиме со маја
Фото: Промо
готвиме со маја
Фото: Промо
готвиме со маја
Фото; Промо

Лисната вртена пита со спанаќ

– 250 мл млеко
– 100 мл кисела вода
– 1,5 Долчела квасец
– 2 лажици шеќер
– 2 јајца
– 1 лажичка сол
– 80 мл сончогледово масло
– 800 г брашно
– 100 г путер

Фил
– 2 чаши спанаќ
– 300 г сирење
– Сол
– Бибер

готвиме со маја
Фото: Промо

1. Во сад ставете ги прво мокрите состојки и измешајте ги а потоа додавајте брашно додека не замесете меко тесто
2. Оставете го да стасува 1 час
3. Стасаното тесто размесете го благо и расукајте долгнавеста векна и поделете ја на три дела а потоа е секое уште на 3 дела
4. Направете топчиња и расукајте ги во погачици
5. Во тава на масло пропржете сецкан лук и додадете го спанаќот
6. Пржете го спанаќот и посолете го по вкус
7. Додадете иситнето сирење во пржениот спанаќ и пржете уште малку
8. Секоја од корите премачкајте со растопен путер и редете ги една врз друга, три кори
9. Од секои 3 кори расукајте по една многу тенка кора, ставете од филот и завиткајте ја во ролна
10. Вака подготвените ролни се ставаат во намастен плех во круг
11. Питата ставете ја во загреана рерна на 200 степени и печете околу 35 минути

готвиме со маја
Фото; Промо
Видео на денот