ВИДЕО | Готвиме со Маја: Лазања со тиква и печурки

готвиме со маја
Фото: Промо

Лазања со тиква и печурки

– Кори за лазања
– 300 г печурки
– 80 г сушен вргањ
– 400 г кашкавал
– 1 лажица путер
– Сол и бибер
– 1/2 лажичка Вегета Маестро лук
– 1 лажичка Вегета Натур

Фил од тиква
– 500 г пире од тиква
– 2 лажици путер
– 50 мл павлака за готвење
– 1 лажичка жалфија
– Сол и бибер
– 1/2 лажичка Вегета Маестро лук

Бешамел сос
– 3 лажици путер
– 500 мл млеко
– 2 лажици брашно
– 200 г урда
– 100 г крем сирење
– 100 г пармезан
– Сол и бибер

готвиме со маја
Фото: Промо

1. Вргањот покиснете го во вода и оставете го да отстои (не ја фрлајте водата)
2. Печурките пржете ги на загреан путер и зачините
3. Додадете го вргањот
4. Пржете уште десетина минути и префрлете го во чинија
5. Во истата тава ставете путер и неколку листови свежа жалфија
6. Додадете ја тиквата
7. Потоа ставете од водата каде се киснеше вргањот и посолете
8. Додадете павлака за готвење, бибер у сув лук
9. Промешајте уште неколку минути и тргнете го од оган.

готвиме со маја
Фото: Промо

1. Во тава загрејте масло и путер
2. Ставете брашно и пржете го си постојано мешање
3. Почнете да додавате топло млеко, малку по малку со постојано мешање. Внимавајте да не загори и да не се направат грутки
4. Ставајте млеко додека не ја добиете посакуваната густина на бешамел сос
5. Кога ќе добиете погуст сос ставете урда, крем сирење, пармезан и зачинете
6. Во намастена тава почнувате да редите прво еден ред од корите за лазањи (обарете ги претходно ако сакате), потоа слој од сосот од тиква, па пржените печурки, потоа бешамел сосот и кашкава одозгора
7. Повторете ја постапката онолку пати колку што имате кори
8. Последниот слој завршете го со бешамел сос директно врз корите и посипете со кашкавал на крај и сол и бибер
9. Лазањите покријте ги со фолија и ставете ги во загреана рерна на 200 степени и печете околу 40 минути

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот