ВИДЕО | Готвиме со Маја: Џебови од пилешки стек

готвиме со маја
Фото: Промо

Има илјадници начини да се подготви пилешко месо. Сепак, секогаш можеме да испробаме уште некој нов рецепт, во кој ќе ги додадеме омилените зачини и зачински билки и ќе создадеме совршенство за сите сетила.

Маја советува секогаш да бидете креативни и да не се двоумите да експериментирате во кујната.

Следете ја Маја во „Готвиме со Маја„ секој работен ден на ТВ Телма во 17:20 часот и испирирајте се за Вашиот следен оброк.

готвиме со маја
Фото: Промо

Џебови од пилешки стек

– 2 пилешки стекови
– Сол
– Бибер
– 10 шери домати

Фил
– 2 белки
– 300 г овчо сирење
– 1/2 китка магдонос
– Димена пиперка
– Малку вегета
– 2-3 лажици масло

За потпекување
– 300 г рендан чедар
– 2 жолчки

1. Стековите засечете ги од горната страна и вдлабете ги за да добиете џебови
2. Овие џебови наполнете ги со топки од алуминиумска фолија
3. Зачинете со сол и бибер и пржете ги од двете страни на тава со масло
4. Кога ќе бидат убаво зацрвенети од обете страни извадете ги од тавата и отстранете ја фолијата.
5. Белките изматете ги со вилушка, ставете дробено сирење и зачинете со Вегета и димена пиперка.
6. Ставете ситно исечкан магдонос и убаво соединете ги состојките
7. Месото ставете го во намастен огноотпорен сад и наполнете ги отворите на месото, каде што стоеше фолијата со филот. Ставете поголема количина врз секое парче.
8. Ставете го садот во загреана рерна на 220 степени и печете околу 30 минути.
9. На средина од печењето извадете го садот од рерна и со помош на дршката од дрвена лажица направете вдлабнатина во филот и внимателно ставете по една жолчка на средината
10. Потоа додадете врз месото и околу него рендан чедар и шери домати исечени на половина
11. Ставете го садот уште 15 минути во рерна да се запече кашкавалот

готвиме со маја
Фото: Промо

Компир со рузмарин

– 2 компира
– 5 г сол
– 5 г прашок за пециво
– 90 мл сончогледово масло
– 3 чешниња лук
– 1 лажичка рузмарин
– 1/4 китка магдонос

1. Во сад ставете во да да врие и ставете пециво
2. Во зовриената вода ставете ги компирите исечени на крупни коцки
3. Варете ги околу 10 минути и посолете ги
4. Извадете ги од водата
5. Во тава на масло испржете ситно сецкан магдонос, рузмарин и ситно сечкан лук и потоа префрлете ги во цедалка да се исцеди маслото
6. Во тавата каде што се пржеа зачините ставете ги компирите и пржете 1-2 минути
7. Вака подготвените компири ставете ги во огноотпорен сад и врз нив ставете ги пржените зачини
8. Зачинете по желба и ставете ги во загреана рерна на 240 степени и печете околу 20 минути

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот