ВИДЕО | Готвиме со Маја: Домашен путер од кикирики

готвиме со маја
Фото: Промо

Домашен путер од кикирики

– 2 чаши несолени и непечени кикирики
– 2 лажици мед
– Прстофат сол

1. Кикириките се потпекуваат малку а потоа се мелат во блендер со медот и малку сол се додека не се направи путер
2. Путерот се складира во тегла

готвиме со маја
Фото: Промо

Гранола со путер од кикирики и кокос

– 3 чаши Натура овес
– 50 г несолени бадеми
– 50 г несолени лешници
– 100 г непечени кикирики
– 50 г несолени индиски ореви
– 50 г бразилски ореви
– 5 лажици путер од кикирики
– 3 лажици мед
– 3 лажици стопено кокосово масло
– 2 лажички екстракт од ванила
– 3/4 лажичка морска сол
– 1/4 лажичка мелен цимет
– 1/3 чаша кокосови снегулки
– 1/3 кршено чоколадо

1. Во сад ставете ги медот, путерот од кикирики, кокосовото масло, зачините и растопете ги во микробранова
2. Во длабок сад ставете ги овесот и сите јатки претходно искршени
3. Измешајте ги убаво и додадете ги мокрите растопени состојки
4. Вака подготвената смеса ставете ја во плех обложен со хартија за печење и убаво распределете ја по повржината
5. Ставете ја во загреана рерна на 175 степени околу 25 минути
6. На половина од печењето благо промешајте ја гранолата и вратете ја да се пече
7. Пред крајот, додадете ги кокосовите снегулки и печете уште 5 минути
8. Извадете ја гранолата од рерна и оставете ја комплетно да се излади а потоа додадете и кршено чоколадо по желба.

Непечени мафини со путер од кикирики и црно чоколадо

– 3/4 чаша путер од кикирики
– 4 лажици мед
– 3 чаши Натура овесни снегулки
– 2  Долчела чоколади
– 1 лажица кокосово масло
– Прстофат морска сол

1. Во сад ставете ги овесните снегулки и измешајте ги со путерот од кикирики и медот
2. Кога ќе ги измешате убаво ставете од смесата во силиконски калап за мафини, но само до половина
3. Со помош на лажица натапкајте ја смесата убаво во калапот
4. Одозгора ставете прво бело а потоа и црно топено чоколадо и со стапче измешајте ги боите
5. Ставете ги калапите во ладилник убаво да се стегне чоколадото

готвиме со маја
Фото: Промо
Видео на денот