ВИДЕО | Гошевски: Кај криптовалутите не се знае кој е издавачот и кој стои зад нив – кај нас во ниту еден закон не постои термин виртуелна валута

Душко Гошевски, експерт за крипто валути
Душко Гошевски, експерт за крипто валути, фото: Слободен печат

Од појавата во 2009 година бикоинот е актуелна тема. Но мора да се даде еден правен фокус, бидејќи ни претстои регулација, изјави за Утрински брифинг, Душко Гошевски, експерт за крипто валути.

-Кога се појави оваа технолошка револуција, од почеток наиде на отпор кај Владите и полека почна да ретерира назад. 2018 година е најважна година во однос на регулацијата, затоа што тогаш е донесенеа петтата регулатива која е примарно донесена на овој дел, вели тој.

Гошевски кој е поранешен заменик директор во УЈП објаснува дека во Македонија допрва треба да се регулира овој сектор кој на големо си шири и расте како пазар.

-Се тоа што се случуваше кај нас, краен сопственик, вистински сопственик, сомнителна трансакција, сите тие термини претставуваа усогласување со регулативата. Но при тоа не се усогласи делот на криптовалутите, додаде Гошевски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот