ВИДЕО | „Гори“ интернет поради новогодишниот фустан на Меланија Трамп од 4.000 долари: Најпровокативен изглед досега на првата дама на Америка

Фото: Профимедиа

Меланија и Доналд Трамп ја дочекаа 2025 година на гала забава во неговиот раскошен имот Мар-а-Лаго на Флорида. Познатата двојка беше пречекана на црвениот тепих, поранешната словенечка манекенка воодушеви со новогодишниот фустан, а потоа и со својот танц додека танцуваше на познатата песна од 1978 година „Y.M.C.A“ на бендот „Вилиџ пипл“ (Village People), која нејзиниот сопруг ја обожава.

Меланија и Доналд Трамп влегле на новогодишната забава на спектакуларен начин. Познатата Словенка носела долг црн фустан, со голо рамо и заводлив шлиц. Ова е еден од најпровокативните фустани што ги носела во јавноста досега и секако најпровокативниот модел во кој сме ја виделе откако нејзиниот сопруг влезе во политиката.

 


Меланија носела црна елегантна тоалета на „Версаче“. Нејзиниот фустан ја следел нејзината совршена фигура, со дискретен израз на едната страна, истакнувајќи ги нејзините совршени нозе. Драпираниот дел на деколтетот ја балансираше цврстата структура на обликот на фустанот. Меланија ја надополнилна женствената и атрактивна тоалета со златни прстени и црни чевли во високи потпетици кои се нејзин заштитен знак.

 


Фустанот на Меланија во моментов е достапен на saksfifthavenue.com за 3.990 долари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот