ВИДЕО: Ѓоргиев го имаше најдобриот потег во квалификациите за ЕП!

Никола Ѓоргиев блеска и на континенталниот собир во Тампере, Финска/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Поенот на капитенот на најдобрата македонска одбојкарска репрезентација е прогласен за најдобар потег, акција во евроквалификациите.

Потсетување дека успеавме во групата со Турција и Босна и Херцеговина да го обезбедиме нашиот втор настап на континенталните собири преку двата квалификациски турнири во Скопје.

Одбојкарите предводени од селекторот Матијашевиќ ќе играат на ЕП кое ќе одржи годинава во периодот од 15-30 септември во четири земји: Полска, Чешка, Естонија и Финска.

Во меѓувреме беа објавени најдобрите потези од квалификациската група „Ц“, а на првото место се наоѓа Никола Ѓоргиев.

Поточно, нашиот репрезентативец се одвојува со два фантастични поени во овој избор. Погледнете и уживајте:

Одбојкарите бараат идентична премија како и фудбалерите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот