ВИДЕО | Гордана Софија: Стартува еко-акцијата „Генералка викенд 2022“

Гордана Софија
Гордана Софија / Утрински брифинг

Од планината Водно денеска ќе биде означен официјалниот почеток на пролетниот дел од досега најголемата акција за чистење и пошумување во земјата „Генералка викенд 2022“, што до 8-ми мај ќе се спроведува ширум земјата.

Во масовна чистка на ѓубрето во цела Македонија се приклучија 26 општини на ентузијастите од проектот „Зелена сончева“ што го спроведуваат Гордана Софија и Ханес Јаецкл, продуцент од Австрија кои ја основаа австриско-македонската компанија „Мен енд маунтен“.

Во рамки на настанот ќе биде спроведена акција за собирање на отпадот од пешачките патеки и местата за одмор и рекреација на планината Водно.

„Генералка викенд“ е најголемата акција за чистење и селектирање отпад и годинава ќе се организира од 6 до 8 мај. Во акцијата може да се вклучи буквално секој кој се грижи за здрава и чиста животна средина без ограничување на возраста. Секако не изостанува поддршката и од активните волонтери.

За престојната акција и за деталите во Утрински брифинг разговаравме со Гордана Софија.

-Нашата цел беше да ги вклучиме сите слоеи на општеството, бидејќи само така може да се промени нешто на подолг период. Се сеќавам кога првиот пат пристапивме во Министерството за земјоделство за соработка во односн на посадување на дрва, на садници, реко да, ок, соработуваме, но никој не очекуваше дека со толкава бројка на собрани килограми ќе се вратиме по неколку недели, вели таа.

-Минатата година во три дена, во десет општини, собравме 175 илјади килограми отпад, Вели Гордана Софија и додава дека ако се земе предвид дека за секои 10 килограми се сади по едно дрво, значи тоа беа 17.500 садници.

-Годинава се вклучуваат 26 општини, вклучени се буквално сите слоеви на општеството, од локална самоуправа до дечињата од градинка, пензионери, активисти, спортски клубови, пожарникари, вели Гордана Софија.

Проследете го целиот разговор во видеото

Видео на денот