ВИДЕО | Ѓорчев: Бугарија има проблем со реалноста за постоењето на македонската нација и македонскиот јазик

фото Архива

Бугарија има проблем со реалноста за постоењето на македонската нација и македонскиот јазик, изјави последниот македонски амбасадор во Софија, Марјан Ѓорчев во емисијата „Трилинг“ на телевизија 24.

– Ако Бугарија се согласи дека нашата историографија, нашите историски документи, нашите напишани томови книги за македонската историја се легитимни и дека ние сме единствената држава којашто го носи името Македонија, односно името Северна Македонија по Договорот од Преспа, и да се согласи дека државата содржи Македонија во своето име, а тоа претставува 100 отсто од државната територија, ние имаме потполно право поимите Македонија и  Македонец да ги употребуваме како наша јазична, државотворна и национална димензија. Тогаш може да се претпостави дека тие го надминале проблемот со постоењето на македонската нација и јазик и тогаш може да се бара решение на политичко ниво, вели Ѓорчев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот