ВИДЕО: Голманот Буну ѝ донесе важен бод на Севиља!

epa08760258 Yassine Bounou of Sevilla during the UEFA Champions League group E soccer match between Chelsea FC and Sevilla FC in London, Britain, 20 October 2020. EPA-EFE/Mike Hewitt / POOL

Вечерва во рамките од 28 коло во најсилното шпанско првенство ремизираа екипите на Ваљадолид и Севиља со резултат 1:1.

После првото полувреме водеше домаќинот со погодок од пенал кој го реализираше Орељана во 44 минута.

Севиља со сите сили се обидуваше да го избегне поразот и тоа ѝ успеа во самиот финиш од натпреварот. Во 94 минута се изведуваше корнер, во казнетиот простор се најде и голманот на гостите, Буну да помогне. А топката дојде токму до мароканскиот чувар на мрежата кој успеа да донесе реми за својот клуб.

Ова е важен бод за Севиља во борбата за една од првите четири позиции кои водат во групите на Лигата на шампионите следната сезона.

Моментно играчите на Лопетеги се на четвртото место со 55 бодови, 10 повеќе од Реал Сосиедад и Бетис кои се на петтото, односно шестото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот