ВИДЕО | Голман постигна гол за Гинисовата книга на рекорди

Фото: Screenshot

Аргентинскиот голман Леандро Ракуена постигна неверојатен гол во победата на неговата екипа Кобресал над Коло-Коло со резултат 3:1. Овој гол на Ракуена би можел да влезе во Гинсовата книга на рекорди.

Кобресал водеше со 2:0 кога Ракуена во 77-та минута од пред својот гол ја уфрлуваше топката во игра. Изгледаше дека тоа е само еден обичен шут, но голманот на гостите Брајан Кортес излезе далеку од својот казнет простор и топката заврши во мрежата.

Чилеанските медиуми пренесуваат дека голот е постигнат од одалеченост од 101 метар и ако тоа биде потврдено, ќе биде гол кој е постигнат од најголема одалеченост во историјата. Рекордот во овој момент изнесува 96.01 метар и го постави Том Кинг во 2021 година на натпревар од пониските лиги во Англија помеѓу Њупорт и Челтнем Таун.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот