ВИДЕО | Големиот Таско му се поклони на Гранде Пандев: Ти си тој што остануваш вечно во нашата меморија

Поклон до Горан Пандев. Тој е оној што останува засекогаш во меморијата кај оние што биле на стадионот „Јохан Кројф“ или покрај малите екрани. Во 69-та минута рече збогум на репрезентацијата, по 69-ти пат беше капитен на македонската фудбалска репрезентација. Холанѓаните му подарија дрес со број 122, рекорд кој е прашање дали ќе биде соборен. Вчерашниот ден останува засекогаш да биде запаметен, изјави во Утрински брифинг легендата на спортското новинарство, македонскиот коментатор Атанас Костовски и додаде дека кога се ќе се собере и кога ќе се стави равенство вакво постигнување на еден Македонец тешко дека ќе се случи на фудбалските терени.

-Нашиот нов капитен го слушнав вчера како рече – Не сакам само да учествувам, сакам нешто повеќе. Сите ние сакаме повеќе, но веќе знаеме дека сме 23 на ЕП. Зад нас е само Турција. За сега првиот чекор беше да учестуваме. Јас не сум разочаран, вели Таско.

-Јас не го разбирам потегот на челниците на ФФМ. Му ставија товар на грб на Мрме – ЕП за тебе е голем испит, ако таму не постигнеш нешто, нема да бидеш селектор. Ова е лош потег на ФФМ. Јас прочитав и тоа за мене е логичен потег, дека нов селектор ќе биде Боби Милевски – оној што ја одведе нашата млада репрезентација на ЕП во Полска, додека пак на негово место ќе дојде Драги Кантатларовски, вели Таско и додава дека Игор Ангеловски – Мрме е оној што успеа да го убеди Пандев да се врати во репрезентацијата и меѓудругото благодарение на овој потег ние се пласиравме на ЕП.

-Сепак сметам дека Игор Ангеловски требаше да ја заврши операцијата наречена Катар. Имаме тим кој што може да напредува, вели Атанас Костовски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Видео на денот