ВИДЕО: Голема трагедија во Египет, тренер почина додека го прославуваше голот!

Срцев удар било причината за смрттта на тренерот на Ал-Магд/Фото: twitter.com/africansoccerAS

Голема трагедија се случи на првенствен натпревар во Египет, тренерот на Ал-Магд, Адхам Ел-Селхедар, почина од срцев удар во близина на аут линијата, славејќи го голот против Ал Зарка во рамките од тамошната втора лига.

Ал-Магд од Александрија играше против Ал-Зарка во деветтиот натпревар од сезоната и се чинеше дека мечот оди кон реми без голови.

Александрискиот состав на крајот успеа да постигне победнички гол во 92. минута и да ги обезбеди трите бода.

За време на прославата на погодокот, Ел-Селхедар одеднаш се онесвестил и веднаш бил пренесен во болница. Тој подоцна почина во болницата Ал-Амрија во Александрија и беше откриено дека срцев удар бил причина за неговата смрт.

Ел-Селхедар го помина поголемиот дел од својата професионална кариера со Исмаили во текот на 1990-тите и успеа да ги освои титулите во египетската Премиер лига и Египетскиот куп.

По кратката авантура со Ал-Шаркија, тој се сврте кон тренерските води каде што ја презеде одговорноста за либискиот Ал-Итихад и воедно беше дел од стручниот штаб на Исмаили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот