ВИДЕО: Голема победа на Лидс, цел меч за Алиоски против Лестер!

Фото: EPA-EFE/Rui Vieira/POOL

Денеска во рамките од 21 коло во Премиер лигата екипата на Лидс на гостински терен непријатно го изненади Лестер славејќи со резултат 1:3.

Иако домаќините водеа од 13 минута со голот на Барнс, играчите предводени од менаџерот Марсело Биелса направија целосен пресврт на „Кинг пауер“ стадионот.

Израмнувањето се случи во 15 минута со погодокот на Далас, а во вториот дел триумфот го обезбедија Бамфорд и Харисон.

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски го одигра целиот натпревар за Лидс кој после деветтата победа сезонава се наоѓа на 12 место со 29 бодови.

Популарните „лисици“ се на третото место со 39 бодови, зад водечките Манчестер сити (44) и Манчестер јунајтед (41).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот