ВИДЕО: Голема корупциска афера во Хрватска, популарен политичар се соочува со десет години затвор

Матија Посавец / фото: официјална фејсбук-страница

Жупанот на Меѓумурската Жупанија, Матија Посавец, е уапсен денеска во рамките на голема истрага за корупција во Хрватска, а тој, меѓу другото, е осомничен дека примил мито од 10.000 куни (околу 1.300 евра), јавуваат медиумите.

41-годишниот Посавец е уапсен во акција на единицата за борба против корупција и организиран криминал УСКОК, во која се опфатени уште пет лица. Тие се осомничени за повеќе коруптивни дела, злоупотреба на службената положба, давање и примање мито, пишува Индекс.

Посавец и другите осомничени попладнето и вечерва биле испрашани во седиштето на УСКОК во Загреб, додека пратеникот во Саборот и поранешен градоначалник на Чаковец, Стјепан Ковач, кој исто така е осомничен, ќе биде испрашан утре, соопштија надлежните. На Ковач му бил одземен пратеничкиот имунитет на седница на Саборот денеска, а тој, како и сите други уапсени во акцијата, ќе оди во притвор.

Според истражителите, Посавец, кој е еден од најпопуларните политичари во северна Хрватска и со 33 години своевремено стана најмладиот жупан во земјата, местел тендери и примил мито од функционер, за да му овозможи уште еден мандат во управен одбор на жупаниското претпријатие за патишта. На функционерот му се заканува казна затвор од десет години, пишуваат хрватските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот