ВИДЕО | Голем успех: Илина Арсова доби престижна стипендија за докторски студии во САД

Илина Арсова
Илина Арсова / Фото: Инстаграм, Илина Арсова

Македонската ликовна уметница, скијачка и планинарка, Илина Арсова сподели дека добила престижна стипендија за докторски студии и инструкторска позиција на Универзитетот од Тенеси.

„Испраќам мал поздрав од Ноксвил, Тенеси до сите пријатели и фанови. Досега не стигнав официјално да споделам дека добив престижна стипендија за докторски студии и инструкторска позиција на Универзитетот од Тенеси“, напиша Арсова на Инстаграм.

Исто така, таа им се заблагодари на најблиските и на нејзиниот долгогодишен партнер, актерот Игор Џамбазов, за целата поддршка.

„Оваа одлука не беше лесна во поглед на љубовта и фамилијата која ми недостига во секој миг. Сепак, овој мој нов Монт Еверест беше долго на листата, па еве му дојде редот“, сподели нашата планинарка.

Како за крај, Арсова потсети на тоа дека „знаењето е нашето најголемо богатство“ и им порача на нејзините следбеници да не престанат да учат нови работи и вештини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ilina Arsova (@ilina_arsova)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот