ВИДЕО: Голем пресврт на кошаркарите на Кливленд против Бруклин

фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Во НБА лигата кошаркарите на Кливленд направија голем пресврт во Бруклин и на крајот ги надиграа Нетси со 116:114 и забележаа триумф во борбата за предност на домашен терен во плеј-офот.

Во последната четвртина Нетси имаа и „плус 10“ предност (104:94), но Кавалирси не се предадоа и на крајот запишаа важна победа.

Мичел беше најефикасен во тимот на Кливленд со 31 поен, Еван Мобли додаде 26 поени со 16 скока, додека Дариус Гарланд постигна 13 поени.

Во домашниот тим се истакна Бриџис со 32, а Динвиди забележа „дабл-дабл“ учинок од 25 поени и 12 асистенции.

После 47 победа сезонава Кливленд е на четвртата позиција во Источната конференција, додека Бруклин кој подолг период нема триумф е седмопласиран (39-34).

НБА, резултати

Орландо – Њујорк 111:106
Бруклин – Кливленд 114:116
Њу Орлеанс – Шарлот 115.96
ЛА Клиперс – Оклахома 127:105

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот