(ВИДЕО) Гори предградие на Атина – наредена итна евакуација

Надлежните служби во Грција врашат евакуација на населението на две населби вопредградие на Атина откако областа беше зафатена од голем пожар.

Во гасењето на огнената стихија учествуваат 70 пожарникари, а активирана е и противпожарната авијација која на теренот делува со 13 канадери кои сеобидуваат даго локализираат огнот.

Според информациите на грчките медиуми пожарот зафатил ниски грмушки и маслинови дрвја во ретко населената област во близина на Вари, околу 30 километри јужно од центарот на Атина.

Десетици шумски пожари ја погодија Грција во последните денови, особено откако регионот е погоден од силен топлотен бран со високи дневни температури кои достигнуваат над 40 степени целзиусови.

Речиси секое лето Грција е погодена од големи шумски пожари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот