ВИДЕО: Голем пожар во Визбегово, зафатени четири камиони, пламените јазици се приближуваат до бензиска

Фото: Твитер

Вечерва во индустриската зона Визбегово избувна голем пожар во близина на бензинската пумпа „Хиб Петрол“.

Во пожарот како што јавуваат дел од медиумите се зафатени четири камиони, а засега не е познато дали има повредени

На терен интервенираат екипи на Противпожарната бригада, кои се обидуваат да го локализираат пожарот и да спречат негово проширување.

Од Центарот за управување со кризи испратија соопштение:

Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, вечерва, во 21.14 часот, е добиена пријава за пожар во фирмата „АТЛАНТИК“ во населба Визбегово. Според првичните информации се работи за пожар на два камиони (шлепери), но според пријавата на јавувачот постои опасност да бидат зафатени и други камиони. Од спротивна страна на патот се наоѓа бензинската пумпа ХИБ Петрол. За настаната состојба веднаш се известени БППЗ на Град Скопје и ЦИК на МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот