ВИДЕО: Голем пожар во складиште за пиротехника во Москва

Пожар во Њујорк / Фото: Архива на Слободен печат

Голем пожар изби во Москва, во складиште за пиротехника., по што дојде и до серија експлозии.

Огнот се прошири од магацинот до соседната зграда. Вкупната површина на пожарот е 150 квадратни метри. „Огнот зафати петарди и други направи исполнети со барут, соопшти Службата за итни ситуации.

„Складиштето со пиротехника гори, се слушаат експлозии”, изјави очевидец на пожарот за агенцијата ТАСС, додавајќи дека пожарот од магацинот се проширил и на соседната зграда.

Противпожарните екипи пристигнале на лице место, но побарале дополнителни единиците, бидејќи пожарот е надвор од контрола. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот