ВИДЕО: Голем пожар во ридската населба Колтук во Тетово, изгореа две куќи

Фото: ТВ21/принтскрин

Пожар изби во куќа во населбата Колтук во Тетово, нешто по 19 часот вечерва, а потоа се прошири кон соседната куќа, објави порталот Тетово инфо.

Со оглед на тоа дека населбата е на почетокот на ридот Балтепе, од целиот град можеше да се забележи големата огнена стихија.

Фото: Тетово инфо

Од тетовската територијална противпожарна единица информираа биле испратени четири возила кои го гаснеле пожарот.

Поголем дел од стариот дел на градот неколку часа беше без електрична енергија.

„Пожарникарите дојдоа на време. Немаше никој од сопствениците на куќите кои изгореа. Малку да задоцнеа пожарникарите, ќе беше голема катастрофа“, вели за ТВ21 еден од очевидците на пожарот.

МВР вечерва соопшти дека еден од сопствениците на куќите кои изгореле е повреден во пожарот, кој зафатил две куќи.

„Во СВР Тетово во 19.20 часот е пријавен пожарот во куќа сопственост на И.С (50). Огнот се проширил и на соседната куќа во која никој не живеел. Сопственикот И.С добил изгореници по што е пренесе во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош“, информираат од тетовската полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот