ВИДЕО: Голем пожар во компанија за матични клетки во Индија

Голем пожар избувна денеска во компанијата „Биоцел” во индискиот град Тане, во државата Махараштра.

Компанијата „Биоцел” е вклучена во зачувување на матични клетки, собрани од плодовата течност.

На местото на инцидентот се испратени пет противпожарни екипи. Засега нема информации за евентуални жртви, ниту е позната причината за пожарот.

ВИДЕО+ФОТО: Пожар во индиската фабрика на Институтот за серум, најголем производител на вакцини во светот

Несреќата се случи откако вчера пет лица загинаа во пожар во Институтот за серум во Пуне, Махараштра. Објектот се наоѓа на само еден километар од објектот „Ковишилд” за производство на вакцини.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот