ВИДЕО: Голем пожар во Канада, луѓе се евакуираат, во Халифакс вонредна состојба

Фото: Твитер

Властите во канадскиот град Халифакс, во провинцијата Нова Шкотска, прогласија вонредна состојба откако голем шумски пожар предизвика прекин во снабдувањето со струја, затворени се неколку училишта, а наредена е и евакуација на жителите.

Гаснењето на шумскиот пожар и работата на спасувачките служби се отежнати поради силните ветрови и сувите дрвја. Десетици куќи се оштетени.

Западните канадски провинции Алберта и Британска Колумбија се соочуваат со невообичаено топла пролет оваа година. Досега и во двете провинции избувнаа неколку шумски пожари, поради што привремено беше прекинато производството на нафта и гас.

Овој месец, властите во Алберта прогласија вонредна состојба во целата провинција, поради големиот пожар кој избувна таму. Десетици илјади луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот