ВИДЕО: Голем пожар во југозападна Турција, силниот ветер ја отежнува работата на пожарникарите

Пожар во Датча, Турција/ Фото Adem ALTAN / AFP / Profimedia

Пожарникарите се борат со пожарот што пред неколку часа избувна во близина на туристичкиот град Датча во југозападна Турција, во близина на местото каде се среќаваат Средоземното Море и Егејското Море, соопштија денеска локалните власти.

Девет хеликоптери, пет авиони и неколку противпожарни возила се испратени во регионот, а пожарот се шири поради силните ветрови, соопшти канцеларијата на гувернерот на провинцијата Мугла, пренесе Ројтерс.

На телевизиските снимки се гледа како чад зафаќа дрвја, а хеликоптерите испуштаат вода врз огнот.

„Во тој регион се испратени голем број екипи. Нашите тимови ги презедоа сите мерки на претпазливост за да ги заштитат населените места од пожарот“, се вели во соопштението на гувернерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот