15 C
Скопје

ВИДЕО: Голеада на „Гудисон парк“ во режија на Сигурдсон и Кејн!

Еден феноменален натпревар во рамките на 32 коло од англиската Премиер лига на „Гудисон Парк“ вечерва одиграа Евертон и Тотенхем, а на крајот натпреварот заврши со резултат 2:2. Уште на самиот почеток се навести дека ќе видиме многу голови на овој диеч, а на крајот беа постигнати четири, по два на двете страни.

Евертон беше малку поконкретен и подобар од стартот, но гостите од Лондон први стигнаа до гол во 27 минута од средбата. Хари Кејн добро ја следеше акцијата на неговиот тим, се најде сам пред голот на Џордан Пикфорд, а ваквите подароци не ги промаши и погоди за 0:1.

Прославата на гостите траеше кратко, само четири минути подоцна беше досуден пенал за Евертон, а прецизен изведувач беше Гилфи Сигурдсон за 1:1. „Карамелите“ потоа создадоа неколку опасни шанси пред голот на Спарс, а Жозе Мурињо мораше да биде задоволен што неговиот тим замина на пауза со нерешен резултат.

И во натамошниот период можевме да видиме навистина одлична фудбалска претстава од обете страни. Имаше голем број шанси, а во 62 минута Евертон стигна до пресврт. Сигурдсон постигна гол за 2:1 откако одлично ја следеше акцијата и ја претвори асистенцијата на Колман во погодок.

Седум минути подоцна Тотенхем израмни, Хари Кејн го постигна 21 гол во сезоната во 69 минута од натпреварот и стрелаше за нов егал. До крајот на средбата двете екипи беа во можност да постигнат гол за победа, но без реализација и на крајот беа поделени бодовите.

Треба да се напомене дека англискиот репрезентативец Кејн се здоби со повреда на зглобот по што мораше да го напушти теренот во самиот финиш. Двете екипи сè уште имаат шанса да се пласираат во Лигата на шампионите, но ќе мора да бидат перфектни до крајот на сезоната.

Поврзани вести

ВИДЕО: ВАР драма во Мадрид, Реал никако да го престигне Атлетико!

Слободен печат

ВИДЕО: „Гранде Милан“, Јувентус демолиран во Торино!

Слободен печат

ВИДЕО: Адеми и Ристовски со „петарда“ до шампионскиот трофеј во Хрватска

Слободен печат

ВИДЕО: Втора титула за Зверев на Мастерс турнирот во Мадрид!

Слободен печат

Начевски: Запрепастен сум, да бидам жртва на еднострана изјава на Бајрамоска без соочување и сведоци??

Слободен печат

ВИДЕО: Тричковски во голгетерска форма го очекува Европското првенство!

Слободен печат

Остави Коментар