ВИДЕО: Голден Стејт на само една победа од пласман во големото финале

Кошаркарите на Голден Стејт вориорс славеа и на третиот натпревар против Далас маверикс и дојдоа на само една победа од пласман во големото НБА финале. „Воините“ победија со 109:100 на првиот натпревар што се играше во Далас и поведоа со 3:0 во победи во финалето на Западната конференција.
Првото полувреме помина во израмнета игра на двете екипи кои имаа свои моменти,, но на одмор се замина со 48:47 за Голден Стејт благодарение на поените на Ендрју Вигинс.
„Воините“ и на овој натпревар потврдија дека третата четвртина им е омилена, постигнаа 30 поени, а примија 21 и за прв пат дојдоа до двоцифрена предност (67:56) по што предноста рутински ја одржуваа до крајот на натпреварот.
Стеф Кари со 31 поен и Ендрју Вигинс со 27 поени беа најпрецизни во редовите на Голден Стејт, додека на спротивната страна Лука Дончиќ постигна 40 поени, а Спенсер Динвиди уфрли 26 поени.
Четвртиот натпревар во финалето од Западната конференција исто така ќе се игра во Далас во ноќта помеѓу вторник и среда.