ВИДЕО: Голден стејт на „крилјата“ на Убре го прегази Далас!

Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Играчите на Голден стејт убедливо ја совладаа екипата на Далас со резултат 147:116 во дуел на два тима од Западната конференција во НБА лигата.

Голема борба и неизвесна партија се гледаше во првите и во средината на третата четвртина, а во финишот на третата и низ целата последна, „воините“ го засилија темпото и со шутот за три поени го прегазија противникот.

Прв стрелец во триумфот на Вориорси беше Кели Убре кој реализираше седум тројки и 40 поени, а поранешниот МВП Стеф Кари имаше учинок од 28 поени.

За Маверикси и овојпат доминираше Лука Дончиќ со 27 поени, два помалку забележа Кристапс Порзингис.

НБА, резултати –

Атланта Хокс-Јута Џез 91:112
Далас Маверикс-Голден Стејт Вориорс 116:147
Филаделфија Сиксерс-Портланд Трејл Блејзерс 105:121
Мемфис Гризлис-Хјустон Рокетс 103:115
Лос Анџелес Лејкерс-Денвер Нагетс 114:93

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот