ВИДЕО: Голден Стејт на чекор од финале во Западната конференција

фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Бостон го совлада Милвоки на гости со 116:108 во полуфиналето на Источната конференција во НБА лигата и израмни на 2:2 во серијата.

Хорфорд и Тејтум кај Селтикси натпреварот го завршија со по 30 поени. Тејтум имаше уште 13 скока и пет асистенции, а Хорфорд осум скока и три асистенции. Џејлен Браун и Маркус Смарт постигнаа по 18 поени.

Во редовите на Бакси Адетокумбо запиша 34 поени, 18 скока и пет асистенции. Следниот петти меч е на програмата во ноќта меѓу среда и четврток.

На Западот, Голден Стејт беше подобар од Мемфис со 101:98 со 3:1 во серија и е на победа до пласман во финалето на конференцијата.

Без најдобриот играч на Морант, Гризлис се фокусираше на одбраната на дуелот против Голден Стејт во чии редови најефикасен беше Стеф Кари со 32 поени, но со лош шут за три поени (4 од 14).

На спротивната страна расположен беше Џексон со 21 поен, Џонс додаде 19, а Андерсон 17 поени. Петтиот натпревар е закажан за 03.30 часот во ноќта меѓу среда и четврток во Мемфис.

НБА плеј-оф, резултати –

Милвоки бакс – Бостон селтикс 108:116 (2:2)
Голден стејт вориорс – Мемфис гризлис 101:98 (3:1)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот