ВИДЕО: Голден Стејт ја прекина победничката серија на Феникс

Голден Стејт немоќен првите ѕвезди против Репторси/фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Во пресметката помеѓу двата најдобри тима во досегашниот дел од НБА лигата, Голден Стејт ја прекина неверојатната серија на Феникс санс од 18 победи и славеше над „сонцата“ со 118:96.


Стеф Кари ги предводеше „воините“ со 23 поени, Ендрју Вигинс постигна 16 поени, додека кај Феникс во отсуство на повредениот Девин Букер, се истакна Деандре Ејтон со 23 поени.

Во дербито на Лос Анџелес, Клиперси со 119:115. Човек на одлука беше Лук Кенард кој во финишот постигна две тројки, 17 од своите 19 поени постигна во втоото полувреме.

Одлична партија прикажаа и Маркус Морус со 21 поени и Пол Џорџ со 19 поени, 8 скока и 9 асистенции. На Лејкерси не им помогна ниту Леброн Џејмс кој се врати на терените по карантинот и постигна 23 поени и 11 асистенции. Добра партија прикажа и Ентони Дејвис со 27 поени и 10 скокови.

Кошаркарите на Јута џез во победата од 137:130 над Бостон селтикс постигнаа рекордни сезонава 27 тројки.  Прво име кај „џезерите“ беше Доновам Мичел со 34 поени, Мајк Конли даде 29 поени, додека Руди Гобер имаше дабл-дабл од 18 поени и 12 скокови.  Кај Бостон се истакнаа Џејсон Тејтум со 37 поени и Денис Шрудер со 26 поени.


Благодарение на одличната игра во последната четвртина која ја добија со 20:9 и поените на Џоел Ембид на 42 секунди до крајот, Филаделфија со 98:96 ја совлада Атланта.
Ембид натпреварот го заврши со 28 поени и 12 скокови.


Резултати:
Индијана – Мајами 104:113
Вашингтон – Кливленд 101:116
Атланта – Филаделфија 96:98
Бруклин – Минесота 110:105
Хјустон – Орландо 118:116
Далас – Њу Орлеанс 91:107
Јута – Бостон 137:130
Голден стејт – Феникс 118:96
ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 115:119

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот