ВИДЕО: Голчиштето на Кавани недоволно за победа на Јунајтед, нов триумф за Алиоски и Лидс

epa09187825 Edinson Cavani of Manchester United celebrates after scoring the 3-1 lead during the English Premier League soccer match between Aston Villa and Manchester United in Birmingham, Britain, 09 May 2021. EPA-EFE/Shaun Botterill / POOL EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos or 'live' services. Online in-match use limited to 120 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications.

Фудбалерите на Манчестер јунајтед одиграа само 1:1 против Фулам пред своите навивачи во 37 коло од Премиер лигата. Навивачите на Јунајтед не можеа да изберат подобар момент да се вратат на трибините на „Олд трафорд“ бидејќи по само 15 минути игра беа сведоци на фантастичен гол на Единсон Кавани.

Голманот де Хеа ја исфрли топката, Бруно Фернандеш имаше мајсторско додавање до Кавани кој од 40-тина метри го лобираше голманот Ареола за водство на „црвените ѓаволи“ од 1:0.
Фудбалертите на Јунајтед продолжија да доминираат на теренот но не можеа да постигнат втор гол. Најблиску до него беа во 73 минута кога Мејсон Гринвуд излезе сам пред голманот Ареола кој се извади за примениот гол.
Само три минути подоцна стигна казната, Рид центрираше од десната страна, а Брајан го совлада Де Хеа и го постави конечниот резултат.

Затоа Лидс и македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски продолжуваат со добрите игри во финишот од сеозната и овој пат славеа со 2:0 против Саутемптон. Херој на Лидс беше Патрик Бамфорд кој го отвори резултатот во 73 минута, а конечниот резултат го постави Робертс во последните моменти од натпреварот. Алиоски ги одигра сите 90 минути за Лидс кој се искачи на осмото место на табелата.

Видео на денот