ВИДЕО: Гола жена влетала во програма во живо напаѓајќи ја водителката

youtube

Пред неколку дена се случил сериозен инцидент за време на снимањето на емисијата „Acces direct“ на романската телевизија „А1“.

Водителката Мирела Вајда била шокирана откако во студиото додека била вклучена во живо ја нападнала непозната жена.

Имено, целосно гола жена влетала во студиото со цигла во рака со која сакала да ја погоди водителката, но за среќа не успеала во својата намера.

Вработени во телевизијата веднаш дотрчале и успеале да ја фатат жената пред да ја повреди водителката. Засега не се познати причините зошто жената се осмелила на ваков чин…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот