ВИДЕО: Гол-шоу на „Олимпико“ без Пандев, Лацио не се откажува од ЛШ!

epa09173584 Lazio players greet their ex-teammate Genoa's Milan Badelj (C) after the Italian Serie A soccer match between SS Lazio and Genoa CFC at the Olimpico stadium in Rome, Italy, 02 May 2021. EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

Фудбалерите на Лацио денеска на домашен терен ја совладаа Џенова со 4:3 во рамките од 34 коло во најквалитетната италијанска лига.

За гостите во составот на мечот на „Олимпико“ не беше македонскиот репрезентативец Горан Пандев поради жолти картони. После првото полувреме водеше римскиот клуб со 2:0, головите беа дело на Кореја во 30 и Имобиле од пенал во 43 минута.

На стартот од вториот дел намали Џенова после автоголот на Марушиќ, но веднаш потоа следуваа уште два погодоци во мрежата на Перин, стрелаа Алберто и Кореја кој го запиша и вториот гол во 56 минута.

Гостите само за момент успеаја да ги одржат надежите за поволен резултат, за неполни две минути реализираа преку Скамака (овој првиот од белата точка) и Шомудоров, но тоа не беше доволно да се спречи 14 пораз сезонава.

На табелата во Серија А Лацио е на шестата позиција со 64 бодови и останува во игра за едно од местата кои водат во Лигата на шампионите, а Џенова е на 13 место со 36 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот