ВИДЕО: Ѓоковиќ сигурен против Гарин за четвртфинале на „Вимблдон“
Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на грен слем турнирот „Вимблдон“ откако денеска го совлада Чилеанецот Кристијан Гарин со 6:2, 6:4 и 6:2.
Беше тоа нивни трет меѓусебен дуел и трета победа за светскиот тениски ас кој дојде до триумфот за скоро два часа игра на Централниот терен во Лондон.
Во четвртфиналната фаза Ѓоковиќ ќе игра со Унгарецот Мартин Фучович кој со 6:3, 4:6, 4:6, 6:0 и 6:3 го совлада Андреј Рубљов од Русија.
Претходно седмиот носител Матео Беретини беше убедлив против Илја Ивашка од Белорусија (6:4, 6:3, 6:1). Италијанецот во следниот меч ќе се соочи со Феликс Ожер-Алијасим или Александер Зверев.
Во меч со пет сета и скоро четири часа Карен Хачанов од Русија со 3:2 (3:6, 6:4, 6:3, 5:7, 10:8) го елиминираше Американецот Себастијан Корда.
Русинот за пласман во полуфиналето ќе игра против Денис Шаповалов (Канада) кој со 3:0 во сетови 6:1, 3:6, 7:5 го совлада Шпанецот Роберто Баутиста-Агут.
Ѓоковиќ го престигна Надал, првиот светски рекет со нов рекорд