ВИДЕО: Ѓоковиќ после дождот брзо до третото коло во Рим!

Ѓокович повторно е цел на напади на американскиот новинар/ фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Најдобриот светски тенисер се пласираше во третото коло на Мастерс турнирот во Рим (Италија) откако во два сета со 6:3 и 7:6 (5) беше подобар од Американецот Тејлор Фриц.

Претходно мечот поради дожд беше прекинат при резултат 6:3 и 5:5, а непосредно пред прекинот Новак Ѓоковиќ беше во конфликт со главниот судија токму поради лошите временски услови.

За пласман во осминафиналето Ноле ќе ги одмери силите со победникот од дуелот Нори-Давидович Фокина.

Во другите денешни мечеви Нишикори без борба го елиминираше Карењо-Буста, потоа Шварцман доживеа пораз од Ожер-Алијасим со 1:6 и 3:6. Опелка двапати со 6:4 го совлада Мусети, а Беретини мораше со пресврт да дојде до триумфот над Басилашвили (4:6, 6:2, 6:4).

Шаповалов немаше проблеми со Мајшак (6:1, 6:3), а успешни беа уште Нори, Милман, Давидович Фокина и Баутиста-Агут.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот