ВИДЕО: Ѓоковиќ откри со кого би сакал да оди на вечера
Старо-новиот шампион на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ, зборуваше за теми кои не се поврзани за тенисот.
Ѓоковиќ кој во неделата по деветти пат триумфира на Австралија Опен, откри дека би сакал да оди на вечера со Мајкл Џордан, како и дека покрај тенисот, омилен спорт му е скијањето.
– Од познатите личности би сакал да одам на вечера со Мајкл Џордан, а што се однесува до другите спортови кои ги обожувам е скијањето. Навистина е убаво чувството кога се спуштате по планина. Кога бев мал доста време поминував на Копаоник и таму го засакав ово спорт. Од спортовите со топка тука се и фудбал, кошарка и ракомет, а се повеќе ми се допаѓа и голф – рече Ѓоковиќ.
Conversation of a lifetime with an 18x Grand Slam champion.
Dinner plans sorted for next year, hey @DjokerNole? ? ? ✨@ANZ_AU #TennisHotShots #AusOpen #AO2021 pic.twitter.com/HHL9XhiLUu
— #AusOpen (@AustralianOpen) February 23, 2021
Првиот светски тениски рекет призна дека многу му помага дишењето и на тој начин ја зголемува концентрацијата во одлучувачките моменти.
– Дишењето ми е многу важно и тоа постојано го правам. Тоа е еден од најдобрите начини да имате фокус на тоа што го правите. Исто така е еден од најдобрите начини како да мислите на тоа што во одредени моменти ви е најважно – истакна Ѓоковиќ кој откри дека овошјето му е најдобра храна.
Откако загуби во финалето, му упати интересна порака: Новак, сакам да ми бидеш тренер
По неговиот тренер, и Ѓоковиќ им одговори на критичарите: Не бевте фер, но не е прв пат