1 C
Скопје

ВИДЕО: Ѓоковиќ откри што прво ќе направи кога ќе излезе од карантин

Првиот тенисер на АТП ранг листата веќе шест дена се наоѓа во карантин во Аделаида.

Пред балконот на хотелот во кој се наоѓа Новак Ѓоковиќ повторно е интересно, овој пат српскиот тенисер се дружеше со новинарите.

По пристигнувањето во Австралија, сите тенисери и тенисерки задолжително мора да поминат 14 дена во карантин, имаат по пет часа во денот за тренинзи, но ова правило не важи за сите. Имено, 72. тенисери и тенисерки кои беа на летовите на кои имаше позитивни на коронавирус, мора сите 14 дена да ги поминат во хотелските соби.

Состојбата со Ѓоковиќ е поинаква, наместо во Мелбурн тој веќе шести ден и во карантин во Аделаида каде на 29. и 30. јануари ќе игра на егзибициски турнир заедно на кој ќе учествуваат најдобрите тројца тенисери и тенисерки.

Прочитајте и...  ВИДЕО: И Аталанта верува дека може до Скудетото!

Пред балконот на хотелот во кој се наоѓа Ѓоковиќ, никогаш не е досадно, фановите постојано му даваат поддршка, а овој пат тенисерот се дружеше со новинарите со кои го имаше најчудниот разговор – Ѓоковиќ од својот балкон одговараше на нивните прашања.

– Чудно е да се биде заклучен во соба 14 дена, но во исто време тука во Аделаида сме посреќни во однос на колегите кои се во Мелбурн бидејќи имаме повеќе часови кои можеме да ги поминуваме на теренот и на отворено – рече Ѓоковиќ.

Потоа следуваше прашањето од новинарите што е првата работа која ќе ја направи кога ќе му заврши карантинот.
– Првата работа која ќе ја направам идниот петок е наутро да џогирам до оној парк каде ќе поминам еден час – одговори Ѓоковиќ.


Интересно е што Ѓоковиќ договори интервју во балконот така што на новинарите им рече дека ќе ги повика на бројот кој го запишаа за да може да им се јави и да зборуваат подолго време.
– Што велите на ова, ќе ве повикам на овој број тука – рече Новак Ѓоковиќ, при што доби потврден одговор од новинарите.

Поврзани вести

ВИДЕО: Атлетико не дозволи ново изненадување во „Ла Лига“!

Слободен печат

ВИДЕО: Милан го освои Рим, „росонерите“ не се откажуваат од Скудетото

Слободен печат

ВИДЕО: Редси ја прекинаа лошата серија на резултати во Премиер лигата!

Слободен печат

Коронавирусот го одложи и 30 натпревар во НБА лигата

Слободен печат

ВИДЕО: Скандал по холандското дерби, навивачите на ПСВ го нападнаа и удрија Тадиќ!

Слободен печат

ВИДЕО: Мируваа мрежите на Челси и Манчестер јунајтед!

Слободен печат

Остави Коментар