ВИДЕО: Ѓоковиќ „гази“ и во двојки, крај за првите носители на турнирот во Мајорка!

Денеска во Њујорк беше извршена жрепката за УС Опен/ фото: EPA-EFE/ATIENZA

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ и Шпанецот Карлос Гомез Ерера се пласираа денеска во полуфиналето на АТП турнирот во Мајорка.

Ѓоковиќ и Гомез беа подобри од шпанско-аргентинскиот пар Марсело Гранољерс и Орасио Себаљос после три сета, 4:6, 7:6 и 10:8.

Првите носители на турнирот Гранољерс и Себаљос беа елиминирани после еден час и 39 минути игра.

Тие направија „брејк“ во првиот сет, предноста ја задржаа до крајот и поведоа во мечот. Во вториот сет немаше „брејк“ и беше одигран „тај-брејк“ во кој Ѓоковиќ и Ерера славеа со 7:3.

Во третиот решавачки сет се случи пресвртот, српско-шпанската двојка беше подобра со 10:8 за пласман во полуфиналето каде што ќе се соочат против третите носители, Оливер Марах (Австрија) и Ајсам Ул Хак Куреши (Пакистан).

Ѓоковиќ се подготвува за настапот на грен слем турнирот „Вимблдон“ кој ќе се одржи од 28 јуни до 11 јули.

Најдобрите македонски тенисери стартуваа со две победи во Дејвис купот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот