ВИДЕО: Ѓоковиќ е последниот полуфиналист во Лондон!

Првиот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ е последниот полуфиналист на Завршниот АТП турнир во Лондон, во мечот од последното трето коло во групата „Токио 1970“ го совлада Германецот Александар Зверев со 6:3, 7:6 (4).

Беше тоа директна пресметка за второто место во групата и дуел против Австриецот Доминик Тим во саботното полуфинале.

Ѓоковиќ ја заврши групната фаза со две победи и еден пораз, додека Зверев го заврши настапот со една победа и два порази.

Во последниот натпревар од групите од 21.00 часот Русинот Данил Медведев, кој уште од средата го обезбеди влезот во полуфиналето за прво место во групата, ќе игра против Аргентинецот Диего Шварцман кој со два порази во првите две кола остана без шанси за учество во следната фаза.

Прочитајте и...  Полициска истрага по заканите упатени кон Алиоски

Медведев в сабота за пласман во големото финале ќе игра против Рафаел Надал, вториот од групата „Лондон 2020“.

Поврзани вести

АБА Лига: Црвена звезда го доби неизвесното вечно дерби со Партизан

Слободен печат

Саутемптон ја испушти победата против Вулверхемптон

Слободен печат

Лејкерси имаат пеколен план, идното лето доаѓа Јанис

Слободен печат

ВИДЕО: Сите одбрани на Митревски со кои ги излуде ракометарите на Спортинг

Слободен печат

Гвардиола ја означи првата мета во преодниот рок, и не е Меси

Слободен печат

Двојаковски нов кошаркар на Академија ФМП

Слободен печат

Остави Коментар