ВИДЕО | Гогова Кочишки: Македонските компании треба да ги следат светските трендови доколку сакаат да се развиваат

Сања Гогова Кочишки е стратегиски аналитичар за корпоративната поврзаност која пред една година презентираше стартап со меѓународни сликовници за деца, а во денешното гостување во Утрински брифинг зборуваше за своите искуства стекнати со работа во странство кои ги имплементира во Македонија.

-Почнав да размислувам дали со моето интернационално искуство и моето унапредување постои можност за моите знаења и искуства да ги пренесам дома. Целиот план, визија, важно е секоја компанија да ја има, каде се гледаат во иднината и кои се чекорите да стигнат таму. Процесот на дигитализација и сите алатки ги искористив овде во Македонија, бидејќи ги имаме капацитетите во нашите компании дома, алатки кои кога ќе се имплементираат на вистински начи со тим од професионалци е добитната комбинација, вели Сања Гогова Кочишки.

Таа додава дека на македонските компании што имаат меѓународни инвестиции им е наложено да ги користат овие алатки.

-Гледајќи напоредно на тоа македонските компании со домашен капитал ги препознаваат потребите и сега бараат искуство од професионалци и сакаат и тие да се дигитализираат. Некогаш потешко ги прифаќаме овие промени но со дигитализацијата многу брзо се гледаат успесите, а кога ќе излезат на европскиот и светскиот пазар таму каде што ќе сакаат да го продадат својот производ ќе бидат препознаени, вели вели Сања Гогова Кочишки.

Таа додава дека последниве десетина години самиот менаџер не е во улога на шеф туку во улога на лидер, особина што се гради и надоградува и применува.

-Веќе разбира што значи како лидер да ги мотивираш колегите да работат, а да се избегне систематизацијата на кадри која што ја имавме претходно. Тогаш како ќе ти кажеа така требаше да работиш, а сега е важно и мислењето на вработените и сите компетентни кадри да кажат што мислат како е најдобро да се изврши одредена работа, вели за Утрински брифинг стратешкиот аналитичар за корпоративна поврзаност Сања Гогова Кочишки.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот