ВИДЕО | Годината беше тешка, но не ја уби нашата смисла за хумор: Филмот „Смртта на 2020“ мора да го погледнете!

Фото: Јутјуб

Годината зад нас ќе остане запаметена како една од најтешките во целокупната светска популација, но она што донекаде е добра вест е дека смислата за хумот „не е убиена“, а за тоа сведочи и новото остварување на Нетфликс „Смртта на 2020“.

На интернет е поставен официјалниот трејлер за новиот „мокументарец“, односно пародијата на документарниот жанр, со симболичниот назив „Death to 2020“ (Смртта на 2020).

Овој филм на Нетфликс зад кој стои Чарли Букер, творецот на популарната серија „Black Mirror“, а во кој неколку познати актери се појавуваат во улогата на „експерти“ кои ја анализираат изминатата година, секој од свој агол.

Меѓу нив се наоѓаат Самјуел Л. Џексон, Лиса Кудроу, Лесли Џоунс, Хју Грант, Кумаил Нанџијани, Трејси Алман, Кристин Милиоти, Самсон Кајо, Дајана Морган и Џо Кири. За режијата беше задолжен Ал Кепмбел, додека Чарли Букер и Анабел Џоун се извршни продуценти.

Стнува збор за творците на серијата „Black Mirror“ кои кажаа дека оваа година не ни морале да снимат нова сезона, бидејќи реалноста била таква што тоа ниту они не би го смислиле, па ќе биде интересно да се види како тоа ќе влијае на ова остварување.

Идејата зад овој филм е тој да се претстави како лажен документарец, во кој секој се обидува да ги објасни реалните случувања од оваа година и тоа без никакво воздржување. Сите ние имаме свое видување за оваа година. Целта е нормално низ хумор, барем и горчлив, да се помогне сите заедно да се збогуваме со оваа година.

Филмот имаше премиера на Нетфликс на 27-ми декември. А трејлерот за само неколку дена собра повеќе од милион прегледи…

Видео на денот