ВИДЕО: Го спаси Челси, но тој воедно е најголемиот „малер“ во Премиер лигата

Тимо Вернер (Челси) беше еден од стрелците во победата против Саутемптон/Лондон, Велика Британија/2 октомври 2021/Фото: EPA-EFE/Facundo Arrizabalaga

Во седмото коло од Премиер лигата составот на Челси на својот „Стемфорд Бриџ“ со резултат 3:1 славеше над Саутемптон.

Во првото полувреме водеа лондонските „сини“ со погодокот во деветтата минута кој го реализираше Чалобах.

Германскиот репрезентативец Вернер во 41 минута постигна гол, но после ВАР снимката главниот судија истиот го поништи поради направен фаул.

Вернер кој добро го познава и македонската спортска јавност од квалификациите за СП, минатото лето од Лајпциг се пресели во Лондон со кој лани стана европски шампиони, но и натаму го привлекува вниманието кога се во прашање поништените голови. Денеска тоа му се случи дури по 16 пат откако е член на Челси.

Во вториот дел израмнија гостите од белата точка во 61 минута, прецизен беше Ворд-Проус, а истиот играч поради груб прекршок доби директен црвен картон во 77 минута.

Овој момент со еден играч повеќе на теренот го искористија фудбалерите на Тухел, најпрвин во 84 минута предноста за домашната екипа ја врати Вернер после асистенцијата на Азпиликуета, а трите бода ги потврди Чилвел (89`).

Во другите мечеви од денешната рунда во Премиер лигата: Барнли – Норич 0:0, Лидс – Ватфорд 1:0 и Вулверхемптон – Њукасл 2:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот