ВИДЕО | Го соблече дресот на Саудиска Арабија и славеше победа на Полска

Фото: Screenshot

Полска со 2:0 славеше победа против Саудиска Арабија во второто коло на Светското првенство, а по овој натпревар еден навивач стана вистински хит на социјалните мрежи.

Навивачот беше во дрес на Саудиска Арабија, меѓутоа кога Полска победи тој го соблече дресот на Саудиска Арабија, а под него имаше дрес од Полска и тоа со името на стрелецот на вториот гол Роберт Левандовски.

На социјалните мрежи веќе се коментира дека станува збор за навивач кој е еден од оние „купени“ кои Катар ги донесе во земјата за трибините да не бидат празни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот