ВИДЕО | Гневни демонстранти го опколија Абазовиќ, не му дозволија да им се обрати

Фото: Скриншот, Јутјуб

Црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ, чија политичка партија Обединета реформска акција (УРА) поднесе иницијатива за гласање недоверба на црногорската влада, на вечерашниот протест во Подгорица се обиде да им се обрати на граѓаните кои протестираат против неговите предлози, објави „Новости“.

Инцидентот се случил пред зградата на Радиотелевизија Црна Гора, каде Абазовиќ пристигнал за да гостува, а граѓаните кои протестираат против предложената промена на црногорската влада биле собрани токму пред јавниот сервис.

Абазовиќ успеал само на кратко да им каже дека нема да има предавство и дека Демократската партија на социјалистите (ДПС) на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ нема да се врати на власт, но насобраните граѓани го исвиркале, скандирале против него, но и го навредувале.

По инцидентот, Абазовиќ продолжил кон зградата на Радиотелевизија Црна Гора.

Видео на денот