ВИДЕО | Глигорова: По Закон, родителите може да бараат децата да следат онлајн настава

Ана Глигорова
Ана Глигорова / Утрински брифинг

Администраторите на Фејсбук групата за „Поддршка за онлајн настава“, која има околу 15 илјади членови, се изборија со долготрајни разговори во МОН во 2020-2021 година наставата во училиштата да биде целосно онјалн.

-Нашата интенција е да ги поттикнеме оние родители и наставници, кои можеби не знаат, дека постои уредба на Влада донесена во 2021 година, со која родителот може да побара од училиштето онлајн настава за своето дете, ако смета тоа не би требало да оди со физичко присуство, изјави за Утрински брифинг Ана Глигорова.

Таа вели дека децидно стои во уредбата оти тоа се или деца со хронични заболувања или се работи за немедицински причини, како на пример за деца кои живеат далеку и треба да променат неколку автобуси или пак само по барање на родител, вели Глигорова.

-Така што мора јавноста да знае дека родителите можат да побарат за своите деца, законски, тие деца да одат онлајн, вели Глигорова.

Проследете го целиот разговор во видеото

Видео на денот