ВИДЕО | Глигоров: Финансиски ова е најлоша година за „Скопско лето“

Никола Глигоров
Никола Глигоров , „Скопско лето“ / Утрински брифинг

„Скопско лето“ традиционално започнува на првиот летен ден, 21 јуни, и завршува на 31 јули поради што е најдолгата културна манифестација. По пандемиските години луѓето сега сакаат да излезат и да посетат концерти, изложби и други културни манифестации.

-Скопско лето во пандемиската 2020 година беше посветено на домашните уметници и нашата публика со радост ги проследи. Голем дел од познатите уметници кај нас биле дел од Скопско лето и тоа било битно и за уметниците и за манифестацијата. Така летото во Скопје повеќе не е мртва сезона туку со Скопско лето е сезона во сезона, вели  Никола Глигоров, директор на Дирекција за култура и уметност која е организатор на познатата манифестација „Скопско лето“ за Утрински брифинг.

Оваа година е веројатно најтешката година на Скопско лето, вели Глигоров и додава дека на располагање за годинава имаат само 400.000 денари доделени од Министерството за култура.

-Дирекцијата за култура и уметност со години наназад конкурирала во различни културни сфери на Годишната програма на Министерството за култура за финансирање на проекти. Сега се променија правилата и ограничено е конкурирањето на два проекта. Не знаеме со колку средства ќе нѐ поддри Град Скопје. Ние разбираме каква е состојбата во светот и кај нас, ама културата не смее да трпи. Ако ние престанеме да произведуваме култура, ќе трпи нацијата, вели Глигоров.

Тој вели дека манифестацијата „Скопско лето“ треба да има основа и дека не смее да биде третирано како проект затоа што станува збор за институција. Затоа лани е склучен двегодишен договор со Град Скопје за неколку културни манифестации.

-Очекувавме сега да се сретнеме со администрацијата на градот да слушнеме дали се задоволни од тоа како сме ги реализирале нашите проекти и дали ќе продолжи соработката. Очекувам дека тоа наскоро и ќе се случи и дека градот ќе продолжи да нѐ финансира со 1,5 милиони денари, вели Глигоров.

Со Француската амбасада и Францускиот културен центар „Скопско лето“ организира концерт на европски оркестар што ќе се одржи на 21 јуни со почеток во 20.30 часот во Националната опера и балет со што манифестацијата ќе биде официјално отворена.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот