ВИДЕО: Гламурозна премиера на филмот за Тома Здравковиќ во Белград

Сцена од филмот „Тома“ / фото: скриншот

Во гламурозна атмосфера, со црвен тепих и многу српски, но и балкански ѕвезди на него, вечерва во Белград се одржа премиерата на долгоочекуваниот биографски филм „Тома“, кој го бележи животот на големиот боем и музичар, Тома Здравковиќ.

Филмот, во режија на Драган Бјелогрлиќ, ја имаше првата премиера во Сараево кон крајот на минатиот месец, а потоа беше прикажан и во Ниш, пред вечерашната белградска премиера во „Сава центар“ во српската престолнина.

Додека ѕвездите дефилираа на црвениот тепих, можеа да се слушнат бројните хитови на Тома Здравковиќ, чија музика е омилена и во Македонија, како и насекаде на просторите на поранешна Југославија.

Покрај екипата на филмот, на премиерата присуствуваа и Жељко Јоксимовиќ, Миа Бјелогрлиќ, Анѓелка Прпиќ, Анастасија Ражнатовиќ…

Филмот „Тома“ е биографски портрет на Тома Здравковиќ, кој ги прикажува неговите почетоци и средбата со музичката сцена, како и врвот на неговата слава. Прикажани се и неговите бројни љубовни врски, кои ја инспирирале неговата музика.

Во главните улоги, како Тома Здравковиќ и Силвана Арменулиќ, се Милан Мариќ и Тамара Драгиќевиќ, а покрај нив играат и Петар Бенчина, Сања Марковиќ и Паулина Минов, а во улогата на мајката е српската актерска легенда, Мирјана Карановиќ.

Сценариото е на Никола Пејаковиќ, Зоран Лисинац, Драган Бјелогрлиќ и Маја Тодоровиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот